Фудбал
Легендарниот Аргентинец ги отвора очите на нацијата: „Постои само еден план“
Марио Кемпес беше светски шампион со Аргентина во 1978. Година, па веројатно не сака ваква да ја гледа денешната селекција на Аргентина.
Кемпес е свесен дека Аргентина нема победнички менталитет, а посебно нема некоја стратегија со која би направила нешто на Светското првенство.
Ниту звучните имиња како Меси, Дибала, Игуаин, Ди Марија, Агуеро не помагаат многу.
„Постои само план А и тој е единствен. Нема ни план Б, ни план Ц. Планот А е следниот: Додај му ја топката на Меси, затвори ги очите и надевај се дека овој нешто ќе направи“ кажа Кемпес за „Gazzettu dello Sport“.
Аргентина вечерва игра против Хрватска и доколку не победи веројатно би останала без пласман во следниот круг.