Фудбал
Легендарниот Буфон ги избра најдобрите голмани во светот
Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон ги прогласи петте најдобри светски голмани во моментов.
Буфон со години беше најдобар во светот бранејќи за Јувентус и за италијанската репрезентација, а денес е на залезот на кариерата и ги брани боите на поранешниот клуб Парма каде се прослави.
Овој 44-годишен фудбалер освои многу трофеи, а покрај за Парма и Јувентус настапуваше и за ПСЖ. Дури 10 пати беше шампион на Италија, еднаш на Франција, со Италија го освои Светското првенство во 2006 година, но никогаш Лигата на шампионите.
За Газета дело Спорт тој ги издвои петте најдобри светски голмани според него.
Тој не се двоумеше долго, а на списокот ги стави Тибо Куртоа од Реал Мадрид, Џиџи Донарума од ПСЖ, Мануел Нојер од Баерн, Јан Облак од Атлетико Мадрид и Мајк Маињано од Милан.
Така, повторуваме, Буфон никогаш не успеал да ја освои Лигата на шампионите и признава дека само тоа му недостига во богатата кариера.
„Не размислувам за пензија. Убаво е, уживам, мислам дека сепак ќе бранам. Ако ја освоев Лигата на шампионите, веројатно одамна ќе се пензионирав и нешто слично сè уште го буди тој натпреварувачки дух во мене“.
Тој призна дека еден ден би сакал да замине во САД или Мексико, па не е исклучен ваков потег на легендарниот Италијанец на крајот од сезоната.
View this post on Instagram