Фудбал
Легендарниот Фергусон во пензија 9 години, но сепак неделно заработува подобро и од активен фудбалер
Еден од најдобрите тренери на сите времиња денес ужива во пензија, но сепак заработува огромни пари. Иако веќе девет години е во пензија, Фергусон покажа дека одлично му оди што се однесува до бизнисот.
„Сан“ објави дека Фергусон и денеска заработува за една недела како најдобар играч во англиската Премиер лига. Има удел во неколку познати компании кои му донеле богатство откако се пензионирал.
Неговото богатство е околу 40 милиони фунти, а е зголемено за речиси десет милиони фунти во однос на 2021 година.
Како што пишуваат англиските медиуми, Фергусон освен што инвестира во одредени компании, продолжува да заработува и од продажбата на својата автобиографија која ја објави неколку месеци по завршувањето на тренерската кариера.
Книгата се уште се продава многу добро, што ретко кој можеше да го очекува. Како што објави The Sun, Фергусон и понатаму инкасира 235.000 фунти неделно, што не е лошо за пензионер.
Фергусон извесно време е и консултант во Манчестер Јунајтед, заработувајќи околу 100.000 фунти годишно за држење мотивациони говори на различни семинари.