Connect with us

Фудбал

Легендарниот фудбалер на Барселона никако да здивне, само што излезе од затвор, се соочи со нова кривична постапка

Дани Алвеш е на слобода откако плати кауција од еден милион евра, но во меѓувреме против него е отворена нова кривична постапка.

Имено, поранешниот фудбалер е обвинет дека ја украл музиката на двајцата бразилски композитори Џулијано Матеус и Тиаго Матеус за песна објавена во 2020 година како дел од проект за Обединетите нации.

Еден од двајцата композитори објаснил дека тој ја напишал песната и му ја посветил на својот дедо, а Алвеш на крајот му ја украл песната.

Дани Алвеш веќе ги отфрли обвинувањата. Адвокатите на Бразилецот објаснуваат дека двајцата ја искористиле популарноста на играчот за незаконски да се збогатат на негова сметка.
“Делото е напишано исклучиво и исклучиво од Даниел Алвеш. Текстот на песната “Avião” нема никаква врска со почестувањето на нечиј дедо. Тие сакаат да се збогатат нелегално”, велат адвокатите на Алвес.

За потсетување, судот во Шпанија го осуди Дани Алвеш на четири и пол години затвор во февруари за сексуален напад во Барселона на 30 декември 2022 година.

Но, откако платил гаранција од милион евра, тој е пуштен на условен отпуст.