Кошарка
Легендарниот кошаркар на НБА се бори за живот: „Короната ме скрши“
Себалос беше хоспитализиран во американска болница, а компликациите настанаа по инфекција со коронавирус.
Тој е на кислород во моментов, и лекарите не се многу оптимисти.
Себалос остави голема трага играјќи за ЛА Лејкерс и Феникс Санс, а на социјалните мрежи остави и емотивна порака.
“На десеттиот ден на одделот за интензивна нега, коронавирусот официјално ме скрши. Ги молам моето семејство, пријателите и лекарите да се молат со молитва за моето закрепнување. Ако некого од вас сум навредил во минатото, дозволете ми јавно да се извинам”. Напиша Себалос.
Кошаркарот од Хаваи влезе во НБА во 1990 година и блескаше во дресот на Санс со кој беше финалист во плеј-офот во сезоната 1992/93.
Тој победи во конкуренција на забивање во 1995 година, а таа сезона како член на ЛА Лејкерс имаше фантастични бројки од 21,7 поени и осум скока по натпревар.