Тајмаут
Легендарниот Пеле повторно во болница, откриени се уште три тумори
Легендарниот Едисон Арантес до Насименто (81), попознат како Пеле, успеа да ги прослави празниците со своите најблиски бидејќи на крајот на годината излезе од болница, но беше вратен во болничкиот кревет.
Долго време беше хоспитализиран поради хемотерапија, а се веруваше дека последната ја имал на крајот на декември, но здравствените проблеми му се влошиле и сега животот му е во реална опасност.
ЕСПН објави дека ракот се проширил на телото на бразилската легенда, а во цревата, црниот дроб и белите дробови се откриени уште три тумори. Затоа, трикратниот светски шампион беше повторно хоспитализиран во болницата Алберт Ајнштајн во Сао Паоло.
Бразилецот на 4 септември минатата година беше опериран поради „сомнителен“ тумор на дебелото црево, откриен по рутински лекарски преглед.
Пеле е единствениот фудбалер во историјата кој трипати го освоил Светското првенство (1958, 1962 и 1970 година), постигнувајќи 1.281 гол на 1.363 натпревари и според многумина најдобар на сите времиња со Диего Марадона.