Фудбал
Легендата Ефенберг го советува Дортмунд за заменик на Халанд! „Ќе го земев без да размислувам сега“
Лусиен Фавр увери дека Борусија Дортмунд нема намера да потпише привремен напаѓач на местото на Ерлинг Халанд.
Со неговиот став не се согласи Стефан Ефенберг, кој препорачува аквизиција на поранешниот напаѓач на Баерн и Јувентус, Марио Манџукиќ.
„Искрено, ќе го земев Манџукиќ. Сега не е важно, но јас би го потпишал. Има прекрасен удар“, истакна Ефенберг.
Хрватот по авантурата со Ал-Духаил во Доха (Катар) остана без тим и ја чека својата шанса на пазарот.