Фудбал
Легендата ќе го спасува Шалке
Веќе неколку сезони по ред германскиот гигант Шалке не е на своето ниво. Тимот кој што порано беше во самиот врв на Бундеслигата и редовно играше ЛШ, сега е постојано во долниот дел од табелата. Но, се чини дека работите почнаа да се менуваат.
Шалке со само четири освоени бодови од 12 одиграни кола е „закован“ на последното место на табелата. Со цел да избегнат испаѓање, раководството му врачи отказ на тренерот Мануел Баун, а на негово место го назначи легендарниот Хуб Стевенс.
Тој веќе еднаш беше тренер на Шалке. Со овој тим во сезоната 1996/97 освои УЕФА Куп, потоа во сезоната 2000/2001 и 2001/2002 германскиот куп, а во сезоната 2001/2002 го освои второто место во Бундеслигата.
Инаку, Шалке седум пати ја освоил Бундеслигата, последен пат во далечната 1958-ма година. Последен најголем успех во Бундеслигата е сезоната 2010-та кога беше вицешампион.
? “Ein Erfolgserlebnis ist die beste Medizin.”
Huub #Stevens vor dem Heimspiel gegen die @arminia ?️⤵️#S04 | ?⚪️ | #S04DSC
— FC Schalke 04 (@s04) December 18, 2020