Фудбал
Легендата на Аргентина до напаѓачот на Интер: Тој воз доаѓа само еднаш!
Лаутаро Мартинез оваа сезона сериозно се покажа како еден од поважните играчи на новиот Интер со Антонио Конте на чело. Веќе со недели, можеби и месеци се доведува во врска со трансфер во Барселона.
Дали Аргентинецот ќе заигра во тандем со својот сонародник Лионел Меси се уште не се знае, но има такви кои го советуваат да го направи тој чекор.
Меѓу нив е и легендарниот аргентински фудбалер Марио Кемпес, освојувач на Светското првенство во 1978-ма година. Тој смета дека Лаутаро не би смеел да ја пропушти оваа можност, бидејќи таква шанса се пружа еднаш во животот.

-Тој воз доаѓа само еднаш и иако тој сега е во голем и светски клуб како што е Интер, сепак Барселона е сосема нешто друго, изјави Кемпес за „Туромеркато“, притоа додава:
-Лаутаро покажа во последните две години дека е одлична „деветка“. Го покажа тоа со Интер, но и со Аргентина. Би било одлично доколку би играл во тандем со Меси, заклучи тој.
Марио Кемпес бил напаѓач, а најголемите успеси ги доживеа со Росарио Централ и Валенсија. На 555 мечеви во кариерата постигнал 300 голови. За селекцијата на Аргентина одиграл 43 натпревари и постигнал 20 голови. Освен тоа што ја освои титулата светски првак со Аргентина, Кемпес со Валенсија го освои Купот на кралот, Купот на УЕФА и УЕФА суперкупот.