Фудбал
Легендата на Барселона и Арсенал по 21 година го врати италијанскиот тим во Серија А, а потоа порача-Ова е само загревање, сега кој сака на Ибица (ВИДЕО)
По 21 година екипата на Комо повторно ќе игра во најдобрата италијанска лига, Серија А. Заедно со Парма, Комо обезбеди место во елитната фудбалска лига. Најзаслужен за овој пласман е нивниот тренер Цеск Фабрегас, поранешната фудбалска легенда на Барселона, Арсенал и Челзи.
Фабрегас се приклучи како играч во сезоната 2022-23 и како малцински акционер, а потоа по пензионирањето стана тренер на нивниот младински тим, промовиран во првиот тим во ноември 2023 година. Бидејќи ги нема потребните тренерски лиценци, тој мораше да стане официјално помошник-менаџер на велшкиот тактичар Осиан Робертс.
Сепак, Фабрегас беше тој што одржа емотивен тимски говор во соблекувалната откако ремито 1-1 со Козенца се покажа доволно за да обезбеди автоматска промоција во Серија А.
-Пред се, честитки, навистина имавте сезона на шампиони“, рече Фабрегас и притоа додаде:
🗣️ @cesc4official after @Como_1907 secured promotion back to Serie A 🤩 pic.twitter.com/EXTIfRvYRv
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) May 10, 2024
-Eедна работа морам да кажам пред да излеземе таму со сите навивачи: изградете ја вашата сила, бидејќи оваа година не е ништо. Ова е само загревање. Следната година повеќе ефикасност, повеќе работа. И како што ветив, а вие сакавте… Дали сакате да одите на Ибица?