Фудбал
Легендата на европскиот фудбал: Секој кој вели Роналдо е подобар од Меси, не знае ништо
Секогаш се поставува прашањето „Роналдо или Меси“. Ова е актуелно повеќе од 10 години. Но, поранешниот фудбалер на Ајакс и Милан, секако и легенда на европскиот фудбал Марко Ван Бастен прилично остро и категорично одговори на ова прашаење.

-Кристијано Роналдо е голем играч, но оние кои тврдат дека е подобар од Меси не се разбираат воопшто во фудбалот или тоа го зборуваат од лоши намери, вели „Летечкиот Холанѓанец“ за „Кориере дела Сера“.