Фудбал
Легендата на Интер: Роналдо не е најдобриот со кој сум играл
Аргентинската легенда преку Инстагам разговараше со неговиот некогашен соиграч Естебан Камбјасо, а едно од прашањата беше да ги каже најдобрите играчи со кои играл Хавиер Занети во својата кариера. А, имаше тука многу фудбалски мајстори.
И додека многумина очекуваа тоа да биде Луис Назарио да Лима Роналдо, со кого ја делеше соблекувалната, сепак Занети на крајот го издвои Роберто Баџо.
-Кога Роналдо стигна од Барселона беше неверојатен, но ако морам некого да издвојам, тогаш тоа е Роберто Баџо. Имаше идеален баланс помеѓу квалитетот и страста на теренот. Му се восхитувам, призна Занети.
Хавиер Занети ја заврши кариерата во 2014-та година, а со Интер освои се што можеше да се освои.