Connect with us

Фудбал

Легендата на Јувентус го прозва Антонио Конте: Биди внимателен

Иако има широк состав на фудбалери, сепак Интер останува само на еден фронт, а тоа е Серие А. Прво беше елиминиран уште во групната фаза во ЛШ, синоќа во Италијанскиот Куп од Јувентус, па на Антонио Конте му останува само една битка за трофеј.

Се огласи легендарниот фудбалер на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро. Тој вели дека сега ситуацијата за Конте е тешка и дека мора да биде внимателен.

-Сега Конте мора да биде внимателен затоа што единствено му остана Серија А за освојување, изјави Дел Пјеро.