Фудбал
Легендата на Ливерпул откри: Меси ми пиша порака и ме нарече магаре поради критиките (ВИДЕО)
Легендарниот фудбалер, а сега коментатор на Sky Sports, Џејми Карагер, открива дека на почетокот на сезоната добил интересна порака од Лионел Меси.
Во изборот на тимот на годината, Карагер го изоставил Меси, иако го смета за најдобар на сите времиња, а потоа откри дека Лео на почетокот на сезоната му испратил порака во која поради неговите ставови го нарекол магаре. На почетокот на оваа сезона имав забелешка дека Роналдо не е добро засилување за Јунајтед и го наведов Меси како пример, бидејќи не верував дека тој е вистинското засилување за ПСЖ“, изјави Карагер и ја продолжува приказната:
-После емисијата „Фудбалот во понеделник“ добив приватна порака на Инстаграм. Тоа беше самиот Меси. Нема да ја покажам пораката јавно, но тој буквално ме нарече магаре“, низ смеа истакна Карагер.
Honoured to be called a donkey by the Legend Lionel Messi! @EASPORTSFIFA
— Jamie Carragher (@Carra23) January 21, 2022
На крајот, легендарниот дефанзивец му порача на Меси.
„Тој гледа „Фудбал во понеделник“ и се надевам дека ќе ги гледа натпреварите и во петок затоа што, Лионел, те обожавам. Ти си најдобриот играч на сите времиња и прифаќам дека сум испаднал магаре. Не влезе во мојот тим. Не игравте добро без разлика што ја освои Копа Америка летото. Не е доволно да го оставите Салах надвор од тимот“, рече Карагер.
На крајот на краиштата, Карагер рече:
„Чест ми е што легендарниот Лионел Меси ме нарече магаре“