Connect with us

Фудбал

Легендата на Ливерпул порача: Не верувам дека ќе дојде до размена Салах за Дибала

Насловната страна на италијански „Tuttosport“ донесе сензационален наслов во кој пишуваше дека би можело да дојде размена на играчи помеѓу Јувентус и Ливерпул.

„Tuttosporta“ тврди дека Јувентус подготвен е да го понуди Пауло Дибала и 50 милиони евра за Мохамед Салах. Денеска таа вест ја прокоментира и Јан Раш кој настапуваше за „Редсите“.

Кажа дека не гледа начин на кој Јирген Клоп би се согласил на ваков договор и го изгуби својот најдобар играч.

„Мислам дека ќе остане во Ливерпул, навивачите го сакаат и нему тука му е добро. Потпиша нов договор и не верувам дека ќе дојде до замена“, рече Раш.

И додека за овој трансфер постојатм мали шанси за да биде реализиран, Јувентус успеа да се договори со Арон Ремзи кој на крајот од сезоната ќе стигне во Торино.

Раш смета дека ова за него е добар потег кој ќе му помогне во кариерата.

„Тој е одличен играч и семеен човек. Јувентус многу се грижи за однесувањето на своите играчи и надвор од теренот, а тој е сјајна личност, вистински човек за тимот од Торино“, заклучи Раш.