Connect with us

Фудбал

Легендата на Манчестер Јунајтед не е импресиониран од пресвртот: Ако играат вака против Сити, Ливерпул…

Манчестер Јунајтед одигра фуриозно второ полувреме против Аталанта, па иако имаше негатива од 2:0 во првите 45 минути, сепак на крајот славеа со 3:2. Со оваа победа избија на првото место во групата во ЛШ, но се чини дека не се сите импресионирани од овој пресврт.

Легендата на Јунајтед, Пол Скол, кој беше гостин како стручен коментатор во Би Ти Спорт, порача дека доколку вака игра тимот против поголемите англиски тимови, тогаш ништо добро не им се пишува.

Распоредот на Манчестер Јунајтед во следните мечеви е следен, Ливерпул, па Тотенхем, па Аталанта во ЛШ, па Манчестер Сити.

– Никогаш нема да победиме со ваков пристап против подобар противник. На крајот испадна одлична ноќ, но првото полувреме е загрижувачко. За неутралните фанови ова беше одличен меч, полн со изненадувања и голови, но јас сум реален. Очекувам повеќе од Јунајтед, не смеат да дозволуваат толку шанси за противнико, изјави Сколс.

 

Реклама

Facebook

Реклама