Фудбал
Легендата на Манчестер Јунајтед: Речиси и да не излегувам од дома, болеста психички ме уништи
Енди Кол, некогашен заштитен знак на Манчестер Јунајтед и омилен играч на многу навивачи на овој клуб. Во дресот на Јунајтед пружаше неверојатни партии, а крај на кариерата стави во 2008-ма година.
Легендарниот напаѓач во изминатите години имаше доста проблеми, а се започна во 2015-та година, кога на летување во Виетнам „закачи“ вирус кој му ги нападна бубрезите. Две години покасно направи трансплантација која му го спаси животот.
Но, сега поради коронавирусот тој спаѓа во ризична група на луѓе, па како што вели за англиските медиуми, речиси и да не излегува од дома.
-Речиси и да не излегувам од дома. Минатата сезона шест дена бев во куќата и некако се чувствував дека ѕидовите ме гушат. Излегов надвор во прошетка бидејќи едноставно не можев повеќе да издржам. Ова многу тешко ми паѓа и се надевам дека брзо ќе помине. Работите многу се сменија откако ја добив болеста и психички најмногу ме уништи, вели Кол.