Connect with us

Фудбал

Легендата на Реал Мадрид се потсмева: Јас во Барселона? Зошто да не!

Легендарниот поранешен фудбалер на Реал Мадрид, Хозе Марија Гутиерез, на многумина познат само како Гути, ја коментираше ситуацијата во која се наоѓа вечниот ривал Барселона. Се чини дека му се допаѓаат проблемите, па и ги провоцира.

Тој во едно интервју изјави дека отказ за Куман скапо би ги чинел, а тоа нешто во моментов Каталонците не можат да го поднесат.

Како што вели, ако сакаат тој е тука да им помогне.

-Барселона е во комплицирана економска ситуација и отказот со Куман скапо би ги чинел. Ако Чави дојде да го води тимот, тоа ќе биде неверојатно. Јас во Барселона? Зошто да не. Слободен сум да покажам од што сум направен. Сепак, морам да признаам дека уживам додека Барселона губи. Никогаш не би заминал таму, зашто и така имаат доволно голем хаос во клубот, изјави Гути.