Фудбал
Легендата на Рома го исмејуваше Лацио пред дербито, сега жали поради тоа
Поранешниот напаѓач на Рома многу зажали за претходната изјава.
Синоќа Лацио ја декласираше Рома со 3:0 во првенствениот натпревар и покажа кој е владетел на Рим. Фудбалерите на небесносините беа особено мотивирани од поранешниот напаѓач на Рома, Руџер Рицители, кој рече дека „без грижа, Лацио е мал тим и ова ќе биде само еден пријателски натпревар“.
„Не сум загрижен за оваа игра, за нас проблем се натпреварите само со големите тимови“, изјави тој за ТВ Рома. Неколку дена подоцна, тој се покаја.
Meno Male che era un Amichevole ragazzi ??
— Felipe Caicedo (@FelipaoCaicedo) January 15, 2021
Имаше жестока провокација од Лацио, а играчите на тој клуб, како Фелипе Каиседо или Данило Каталди, едвај чекаа да му одржат лекција на поранешниот играч на Рома.
„Дечки требаше да биде пријателски натпревар“, напиша Каицедо на Твитер користејќи емоџи кои „плачат“ од смеа.
„Малиот тим беше пријателски расположен“, напиша Каталди.
