Кошарка
Лејкерс петтиот натпревар од финалната серија ќе го играат во дресови посветени на Коби Брајант
Лос Анџелес, 8 октомври 2020 (МИА) – Лос Анџелес лејкерс најавија дека ќе го одиграат својот петти натпревар од финалната серија во НБА плејофот против Мајами облечени во униформа на „Црна Мамба“, која е посветена на легендарниот играч Коби Брајант.
На петтиот натпревар Лејкерси ќе имаат можност да освојат шампионската титула.
Сопругата на покојниот Брајант, Ванеса го одобри изборот на Лејкерс:
- Напред Лејкерс! – напишаа Ванеса на социјалните мрежи.
Лејкерси водат со 3-1 и се на чекор од титулата. зс/