Connect with us

Кошарка

Лејкерси го загубија петтиот натпревар по ред на стартот од сезоната

Екипата на Лос Анџелес лејкерс ноќeска загуби од Минесота тимбервулвс во натпреварот од регуларната сезона во НБА со 111:102.

За тимот од Калифорнија ова беше петти пораз во низа од почетокот на новата сезона во најсилната кошаркарска лига на светот.

Најдобри во победничкиот тим беа Ентони Едвардс со 29 поени и Руди Гоберт со 22 поена и скок.

Кај Лејксер најефикасни беа Леброн Џејмс со 28 и Расел Вестбрук со 18 поени.

За разлика од Лејкерс, Орландо меџик успеа да ја прекине „црната“ серија од пет порази по ред совладувајќи го тимот на Шарлот хорнетс со 113:93.