Кошарка
Лејкерси поставија клупски рекорд со 15 тројки во првото полувреме против Пеликанс

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс, ноќеска го повторија клупскиот рекорд за погодени тројки во првото полувреме. Во првите 24 минути на средбата со Њу Орлеанс пеликанс (123:108), тимот од Калифорнија уфрли 15 прецизни удари од зад лакот.
Во погодените тројки се истакна Малик Бисли кој реализира седум. Вкупно на натпреварот Лејкерси реализираа 18 од 39 обиди за три поени.
По 69 одиграни натпревари ЛА лејкерс имаат 34 победи и 35 порази за во моментов 10. место во Западната конференција од НБА-лигата.
НБА, резултати:
Шарлот – Кливленд 104:120
Вашингтон – Детроит 117:97
Торонто – Денвер 125:110
Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 108:123
Оклахома Сити – Бруклин 121:107
Сан Антонио – Орландо 132:114
Феникс – Милвоки 104:116
Портланд – Њујорк 107:123
