Фудбал
Лекарскиот тим на Ливерпул ќе има полни раце работа, повреден уште еден фудбалер
Јирген Клоп ќе ја проколнува оваа интернационална пауза, вистинско изненадување ќе биде доколку некој првотимец ќе му се врати потполно подготвен од натпреварите за својот национален тим.
После Садио Мане, Виргил ван Дајк и Мохамед Салах претстојниот натпревар против Хедерсфилд ќе го пропушти и засилувањето од Лајпциг Наби Кеита.
Фудбалерот од средината на теренот ги повреди препоните настапувајќи за репрезентацијата на Гвинеја во рамки на квалификациите за Африканскиот куп на нациите.
Кеита беше принуден да го напушти теренот веќе во првото полувреме од натпреварот против Руанда, но се уште не е утврдено колку сериозна е повредата, па Клоп може да се надева дека 23-годишниот фудбалер нема да биде на долга пауза.
Ливерпул следната сабота му гостува на Хедерсфилд во рамки на Премиер лигата, а потоа во среда ќе ја пречека Црвена Звезда на Енфилд во рамки на Лигата на шампионите.