Други спортови
Леклер со својата мајсторија ги фрли во очај навивачите на Ред Бул: На Верстапен не му помогна ниту дефанзивата
Шалрек Леклер е победник на Големата награда на Австрија.
Во брилијантна трка, возачот на Ферари славеше пред Макс Верстапен и со тоа ја расипа прославата на Ред Бул на нивната патека, која уште се нарекува и Ред Бул Ринг.
Возачот од Монако сосема заслужено стигна до триумфот, а во текот на трката трипати маестрално го претекна Макс Верстапен, еднаш тоа го направи со феноменална бравура при сопирање, кога на Макс не му помогна одбранбената траекторија.
Како изгледаше борбата меѓу Леклер и Верстапен погледнете во следното видео.
A hat-trick of overtakes for Charles Leclerc 💪#AustrianGP #F1 pic.twitter.com/coLQbKutuP
— Formula 1 (@F1) July 10, 2022
Инаку, трката ја одбележа и повлекувањето на вториот возач на Ферари, Карлос Саинц, кој мораше да го запре својот болид на крајот од патеката поради дефект во моментите на нападот на Макс Верстапен.
Веднаш по застанувањето автомобилот се запалил, а Саинц едвај излегол, па избегната е голема трагедија во Австрија.
Леклерк сега ја намали разликата од Верстапен во генералниот пласман на 37 поени.