Connect with us

Кошарка

Леле сине колкав си! Јокиќ купувал пиво, а продавачката не го препознала (ВИДЕО)

Никола Јокиќ не е типичен кошаркар, не само поради стилот на игра, туку и поради неговиот карактер. Додека најголемите НБА ѕвезди уживаат во скапите дестинации, Јокиќ едвај чекаше да се врати во родниот Сомбор и да гледа коњски трки, а потоа да замине во Италија.

Во меѓувреме Јокиќ бил забележан во Босна и Херцеговина, поточно во Горажде, каде влегол во продавница! Како што пишува сараевскиот портал „Кликс“, Јокиќ на пат низ Горажде застанал во продавница за да купи пиво и сок, а касиерката Дина не го препознала, но правилно погодила дека е кошаркар. „О, синко, голем си само за кошарка“, рекла продавачката предизвикувајќи општа смеа.

„Бев во градот кога ми се јавија и ми рекоа дали знаете дека Никола Јокиќ е во нашиот маркет, ми се јави работник и ми рече дека Никола и неговите другари застанале, а потоа влегле во маркетот за пијачка и некои ситници. Беа љубезни и весели. Никој не можеше да поверува, но тоа се случува. Дина, касиерката, не насмеа сите. Секако дека ги споделивме сликите. Воодушевени се што го запознаа, но жал ни е што немавме прилика малку да поразговараме.Никола и сите останати се секогаш добредојдени во Горажде и кај нас“, изјави за споменатиот портал Дино Зорлак, сопственик на маркетот.