Connect with us

Кошарка

Ленард не ја користи опцијата 1+1, сака максимален договор


Кавај Ленард ја одби опцијата 1+1, услов кој му стоеше во едногодишниот договор со Торонто за да остане плус уште една година на Северот. Тој ќе стане слободен играч на 1 јули, но тоа е стратегија за да може да отвори преговори за максимален договор со новокрунисаниот шампион на НБА.
Најкорисниот играч во финалната серија на тој начин се откажува од 21,3 милиони долари, а според максималниот петгодишен договор во Торонто го чекаат вкупно 189 милиони долари. Тоа е најпрофитабилната понуда која може да ја добие, бидејќи останатите екипи кои се интересираат за неговите услуги можат да му понудат договор на четири години со максимална вредност од 140 милиони долари.
Самиот Кавај има желба да остане во редовите на Репторс, откако му помогна на оваа франшиза да дојде до првата историска титула по триумфот од 4-2 во финалната серија против Голден стејт.
 
.

Извор: Sportmanija.mk