Фудбал
Лестер зеде здив по триумфот против Барнли
Лестер успеа да ја прекине негативната серија од 5 последователни натпревари во Премиер лигата без да го совлада Барнли со 2-0 во одложениот натпревар од Премиер лигата.
Успехот се ковеше во последните 10 минути од натпреварот, откако Џејмс Медисон погоди во 82. минута, а Џејми Варди во 90. ги постави конечните 2-0.
Лестер со успехот собра 30 бода и се смири за место во елитата, додека Барнли се уште е во зоната за испаѓање, иако само бод од спасувачката линија.