Connect with us

Тајмаут

Летаа табуретки, ја искрши и вратата, реакцијата на Саудијци кои дома го гледаа мечот со Аргентина (ВИДЕО)

Саудиска Арабија е хит на денот. Преку пресврт со 2:1 ја совладаа големата Аргентина, иако имаа негатива од 1:0 со голот на Меси во 10-та минута. Сепак во вториот дел, со два брзи голови, Саудиска Арабија стигна до предност од 2:1, а до крајот одлично ја одбранија. Тие се хит на социјалните мрежи, каде се појави и видео од група Саудијци кои дома го гледаа мечот. Летаа табуретки, а еден од нив дури ја искрши и вратата.