Фудбал
Лев: Не постои шанса Озил да се врати, самиот си ја затвори вратата
Селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев ги отфрли наводите за тоа дека Месут Озил би можел повторно да заигра за репрезентацијата.
Пред неколку месеци Озил соопшти дека повеќе нема намера да игра за Германија, каде често бил навредуван поради неговото турско потекла, тоа го наведе и во неговото соопштение, а се започна од фотографијата со Ердоган.
Германските новинари ги интересираше дали Лев во меѓувреме разговарал со ѕвездата на Арсенал, односно дали постои можност Озил да се врати во националниот тим.
„Колку што јас разбрав, тој самиот објави дека повеќе не сака да игра за репрезентацијата на Германија, со што ја отфрли можноста да биде повикан. Сам си ја затвори вратата“, кажа Лев па додаде:
„Се обидов да стапам во контакт со него, но не ми се јави. Сам си го одбра тој пат и тоа мора да го прифатам. Се уште тврдам дека е еден од најдобрите играчи кои Гернаија ги имала во последните 20 или 30 години, но разочаран сум од начинот на кој си замина“.
Озил за Германија одиграл вкупно 92 официјални натпревари.