Connect with us

Фудбал

Левандовски го собори рекордот на „Феноменот“, но со „двоглед“ го гледа оној на ЦР7 во Ла Лига

Роберт Левандовски најдобар стрелец во Ла Лига по 12-та недела. Полјакот го постигна својот 13-ти гол (засега повеќе од еден гол по натпревар) во Ла Лига за да и донесе победа на Барселона на Местаља во 93-та минута од натпреварот. На второто место осамен е Борха Иглесијас кој постигна гол против Реал Сосиедад со 8 гола.

Водството за трофејот „Замора“ (голман со најмалку примени голови во Ла Лига) го засилува и партнерот на Полјакот, Тер Штеген. Германецот на 12 натпревари прими 4 гола. На десет од нив ја задржа мрежата. Само Реал Сосиедад и Реал Мадрид го победија голманот на Барселона.

Роберт Левандовски е најдобар стрелец благодартение на 13-те голови кои ги постигна на првите 12 натпревари. Против Валенсија, Полјакот повторно постигна гол и му донесе три златни бода на својот тим. Тој ја потпишува првата сезона од соништата во Ла Лига. Играчот кој постигна најмногу голови на своето деби во Шпанија беше Роналдо Назарио, кој во Ла Лига 1996-1997 година успеа да биде прогласен за најдобар стрелец со 34 гола.

Во првите 12 натпревари од тој шампионат, бразилската ѕвезда постигна 12 гола, еден помалку од сега постигнатите на Полјакот. Секако, Левандовски е далеку од рекордот на постигнати голови на првите 12 натпревари во историјата на Ла Лига. Таква чест му припаѓа на Кристијано Роналдо, кој постигна 20 гола за Реал Мадрид во сезоната 2014-2015, во овој временски сегмент од шпанското првенство. Дополнително, Левандовски постигна гол на 9 од 12 натпревари, како и Коста (2013-2014) и Кристијано (2014-2015).