Фудбал
Левандовски можел во Манчестер Јунајтед, но зошто заврши во Минхен?!
Роберт Левандовски е прогласен за најдобар играч за 2020 година. Со право, тој со Баерн Минхен освои тројна круна. Но, во интервју откри дека можел да биде во Манчестер Јунајтед, наместо во Баерн Минхен. Сепак, зоѓто во 2012-та година Алекс Фергусон не успеал да го донесе?
-По мојата втора година во Борусија Дортмунд, имав разговор со сер Алекс Фергусон. Тој сакаше да дојдам во Манчестер. Бев многу заинтересиран, можам да кажам дека бев подготвен. Ама Дортмунд не сакаше да ме пушти. Тоа не ме вознемири затоа што тогаш работите одеа добро со Борусија, изјави Левандовски.