Connect with us

Фудбал

Леванте ја активираше клаузулата, еднострано го продолжи договорот на Енис Барди

Леванте сака да заработи на Енис Барди и дизајнираше „обновување“ на договорот, за да ја покачи цената на македонскиот фудбалер во пресрет на летниот преоден рок, објави „ Кадена СЕР “.

Во неговиот договор веќе беше поставена клаузула во која клубот стави можност за еднострана опција, која требаше да ја изврши пред мај 2022 година и која му овозможи да го продолжи договорот на Енис Барди до јуни 2024 година.

Како што дознава Кадена СЕР, Леванте веќе го известил играчот дека ќе ја продолжи соработката во следните две сезони. Намерата е македонскиот репрезентативец да биде продаден по цена која ќе ја покрие сумата од 10,4 милиони евра кои клубот е должен да ги уплати пред 30 јуни за да не продолжи да тоне во економски загуби кои по последното Генерално собрание изнесуваа 23,2 мил.

Енис Барди пристигна во Леванте во летото 2017 година за 1,5 милиони евра од унгарски Ујпешт.