Фудбал
Леванте ќе го продава Барди за да пополнува финансиски дупки?!
Њукасл е сериозно заинтересиран за услугите на македонскиот репрезентативец Енис Барди. Според информациите, може да се случи веќе во јануари тој да ги смени клупските бои. Неговиот тим Леванте не сака да се раздели со Барди, но сепак тоа ќе мора да го стори со цел да ги пополни финансиските дупки.
Шпанскиот тим е во финансиска криза, а наводната понуда на Њукасл од 25 милиони евра би можела да им помогне многу за да останат стабилни.
Останува да се види што ќе се случи.