Connect with us

Фудбал

Линекер: Дали некој навистина помисли дека постои подобар фудбалер од Меси

Лионел Меси синоќа повторно блесна во победата на Барселона на Тотенхем (2:4).

Аргентинецот со игрите на почетокот на сезоната како да сака да докаже дека неправилно е изоставен од списокот со финалистите за најдобар фудбалер на светот за оваа година, па веќе од самиот почеток на новата сезона игра на врвно ниво.

Легендарниот Гери Линекер синоќа ја коментираше играта на Меси и смета дека ниту еден фудбалер не му е ниту близу.

„Искрено, дали некој стварно мисли дека некогаш станал подобар фудбалер од Меси? Сериозно?“, се запраша Линекер, а потоа му одговори и на еден следбеник на Твитер кој го запраша ‘зошто на таков начин го понижува Роналдо’.

Линекер повторно даде интересен одговор.

„Го обожавам Роналдо и мислам дека навистина е голем играч. Сепак, не е ни близу добар како Меси. Постигна доста голови, но фудбалот е повеќе од тоа. Меси е на друго ниво“, порача Линекер.