Поврзи се со нас

Фудбал

Лингард конечно го напушта Манчестер Јунајтед, но има само една понуда

Џеси Лингард конечно ќе го напушти Манчестер Јунајтед, и среќата ќе ја бара во еден од клубовите каде ќе има поголема минутажа.

Тој падна во тотално вториот план во неговиот сегашен клуб, а неговата следна дестинација скоро сигурно ќе биде тимот на Ница.

Имено, тие веќе стапиле во контакт со Манчестер Јунајтед, и сакаат да го донесат на позајмица половина година, а самиот играч сака да замине.

Неговиот договор истекува летото следната година, па тој би можел да привлече потенцијален купувач со своите игри во Ница.

Останува да се види дали неговиот избор ќе биде токму тимот од Франција, но сигурно ќе ја промени средината до крајот на јануари.

Facebook

loading...