Фудбал
Лионел Меси е заразен со Ковид-19
Аргентинската ѕвезда Лионел Меси е заразен со коронавирус. Вчера Пари Сен Жермен објави дека четворица од играчите на тимот биле позитивни на тестот, но не ги откри имињата на засегнатите играчи.
Денеска стана јасно дека еден од нив е големата ѕвезда на тимот Лионел Меси.
„Четирите играчи кои беа позитивни на КОВИД-19 се Лионел Меси, Хуан Бернат, Серхио Рико и Нејтан Битумазала. Моментално се под изолација и ги следат здравствените протоколи“, напиша утрово Пари Сен Жермен.
Утре Пари Сен Жермен ќе се сретне со третолигашот ФК Ван во натпревар од турнирот во Купот на Франција. Покрај четворицата заразени, надвор од сметките е и Бразилецот Нејмар кој е повреден и се опоравува од повреда. Тој ќе остане во татковината до 9 јануари, соопшти ПСЖ.
PSG confirm Lionel Messi has tested positive for COVID-19 pic.twitter.com/5MeaeqWLUd
— B/R Football (@brfootball) January 2, 2022