Кошарка
Литванија елиминирана од Евробаскет, Шпанија во четвртфиналето
Кошаркарите на Шпанија вечерва во Берлин победија по голема драма и продолженија против селекцијата на Литванија со резултат 102:94 и се пласираа во четвртфиналето на Евробаскетот.
Првиот дел носи прилично изедначена кошарка. Репрезентациите имаа свои периоди на игра во кои играа подобро, а по 10 минути игра Литванија имаше бод предност 20:19.
На почетокот на вториот дел Шпанија тргна во серија од 10:2 за да поведе седум поени (29:22). Сепак, Литванија не им дозволи на Шпанците премногу да се одлепат и одиграа навистина феноменална кошарка.
Литванските кошаркари доминираа во сите сегменти од играта до крајот на првото полувреме. Погодија речиси се и на пауза одат со пет поени предност, 45:40.
Литванците ја одржуваа предноста во третиот период. Не им дозволија на Шпанците серија која ќе го свртеше резултатот во нивна корист, а во последниот дел се влезе со пет поени разлика во корист на Литванија, 68:63.
Шпанците беа постојано блиску, а на нешто повеќе од три минути до крајот конечно дојдоа на само минус еден (75:74).
Тогаш шпанскиот тим успеа да го смени резултатот. Лопез-Аростеги погоди за 80:78 на минута и пол до крајот и мечот заврши неизвесно.
На 16 секунди до крајот беше 82:81 за Шпанија, Литванија имаше напад, но Сабонис прави личен напад и потоа Вили Ернангомез погоди за 83:81.
Јокубаитис се обиде со шут за три поени да и донесе победа на својата репрезентација, промаши, но Браздеикис скока во нападот и ја испрати топката низ мрежата за 83:83 и води на натпреварот во дополнителни пет минути.
IGGY BRAZDEIKIS SENDS IT TO OVERTIME! 😱🇱🇹#EuroBasket x #TissotBuzzerBeater | @_iggy_braz
📺 https://t.co/XA74VljBO4 pic.twitter.com/gf7jR5rAyI
— #EuroBasket 2022 (@EuroBasket) September 10, 2022
Драма немаше ниту во продолженијата. Шпанците во еден момент имаа и седум поени предност, но Литванија не се предаде и на минута до крајот со тројки се врати во игра 95:94.
Напад за водство имаше и Литванија. Сепак, Браздеикис разнесе се, стана неспортски и Браун ја заврши приказната на овој меч.
Лоренцо Браун ги предводеше Шпанците до победата со 28 поени, Вили Ернангомез додаде 20, а Фернандез и Хуанчо имаа по 13.
Кај Литванија најефикасен беше Миндаугас Кузминскас со 18 поени, Браздеикис додаде 17, а Сабонис и Лекавичиус по 15.
Шпанија во четврт-финалето ќе игра против подобриот од мечот меѓу Финска и Хрватска.