Фудбал
Ливерпул бара оштета од ФИФА поради повредите
Кога играат за своите репрезентации, фудбалерите се на некој начин осигурани бидејќи ФИФА има посебна програма за заштита на клубовите.
Поентата е дека во случај на повреда на играч на репрезентативен настап или тренинг, клубот може да бара парична компензација.
Стоперот на Ливерпул, Џо Гомез се здоби со повреда и на крајот мораше да го оперира коленото, па ќе ја пропушти скоро целата сезона.
Тој се здоби со повреда на тренингот на англиската репрезентација, а Ливерпул ќе побара од ФИФА пари за покривање на неговата плата во периодот кога беше повреден.
Сепак, тоа нема да му помогне на Клоп бидејќи и Ван Дијк е повреден, а од стоперот на располагање го има само Матипа.