Тајмаут
Ливерпул ја активираше “бомбата”, а цела Англија зборува за неа: Најголемото зимско засилување во Премиер лигата носи убавица!
Младиот фудбалер само пред неколку дена го комплетираше трансферот во Ливерпул, а медиумите веќе пишуваат за неговиот избор.
По еден фантастичен Мундијал, младиот Холанѓанец Коди Гакпо добрите игри ги наплати со голем трансфер. На иницијатива на Јирген Клоп, Ливерпул успеа да го украде од Манчестер Јунајтед, па поранешниот играч на ПСВ Ајндховен во иднина ќе го носи дресот на тимот од Енфилд. Ова ги израдува фановите, но изгледот на неговата девојка на трибините сигурно ќе предизвика многу коментари и кај ривалите.
Ноа доаѓа во Англија со Коди, а медиумите веќе почнаа да пишуваат за неа! Секако, во преден план е нејзиниот атрактивен изглед, но и многу луксузниот начин на живот кој го води. Ноа ван дер Биј работи во модната индустрија, па јасно е зошто речиси секој ден е опкружена со луксуз и рефлектор. Погледнете како изгледа Ноа.


