Фудбал
Ливерпул на мегдан со минхенски Баерн, „ѓаволите“ на мака кај „светците“
Денешната ждрепка ги одреди двојките за 1/8 финалната фаза од најквалитетното клупско натпреварување, Лигата на шамнпиони.

Најинтересно ќе биде на „Енфилд“, а потоа и на „Алијанц“ арената каде силите за пласман во 1/4 финалето ќе ги одмерат екипуите на Ливерпул и Баерн (М). Исто така восбудлив се очекува да биде и двомечот помеѓу Манчестер Јунајтед и ПСЖ, како и дуелот помеѓу Тотенхем и Борусија (Д).
Во преостанатите двојки ќе се соочат: Шалке – Манчестер (С), Атлетико (М) – Јувентус, Лион – Барселона, Рома – Порто, Ајакс – Реал (М).
Првите натпревари се играат 12 и 13, односно 19 и 20 февруари, додека реванш мечевите се закажани за 5 и 6, односно 15 и 16 март.