Connect with us

Фудбал

Ливерпул победи, Алисон го исмејуваше противничкиот голман, а фановите го поздравија со овации (ВИДЕО)

Ливерпул го совлада Евертон со 2:0 во локалното дерби и остана во трката за титулата со Манчестер Сити. Стрелци на головите беа Робертсон и Ориги. Сити има 80 бодови, а Ливерпул 79.

По мечот во фокусот на вниманието е домашниот голман Алисон кој при крајот на мечот го измејуваше противничкиот голман и „крадеше“ време како тоа што го правеше Пикфорд на спротивната страна пред Ливерпул да поведе со 2:0. За ова од своите фанови доби овации.