Connect with us

Фудбал

Лопетеги ја нема поддршката? Реал започна преговори со Антонио Конте

Позицијата тренер на Реал Мадрид за Жулен Лопетеги е неизвесн, па раководството на Реал Мадрид наводно веќе преговара со потенцијалната замена.

Како што пишуваат „Sportitalia“ и „Corriere dello Sport“, поради слабата форма,(изгубени три од четирите натпревари во кои не постигнаа ниту еден гол) Реал започна преговори со Антониот Конте.

Минатата недела спортскиот дневник „AS“ констатираше дека Конте е „единствениот врвен тренер без тим“, а се разгледува и можноста да сегашниот тренер на Мадрид Б и поранешниот играч од средниот ред Сантијаго Солари.

Наводно, на Лопетеги од клубот му дадоа рок до крајот на месецот да забележи позитивни резултати во претстојните натпревари против Леванте, Викторија Плзен и Барселона.

Постои и сугестија дека Челзи би можел да платил одредена компензација доколку Конте би бил именуван за нов тренер на некој друг клуб пред следното лето, затоа што клубот од Лондон се уште го плаќа.

Солари, ја води Б екипата од 2016 година, кога на тоа место го замени Зинедин Зидан.