Connect with us

Фудбал

Лопетеги подготвил 100 милиони евра за својот омилен играч

Реал Мадрид е спремен да го купи Давид Де Геа, и наводно подготвиле богата понуда.

Де Геа е долгогодишна желба на Реал Мадрид, а „Кралскиот“ клуб сега посебно ќе „нападне“ на „Олд Трафорд“ откако за тренер е именуван Жулиан Лопетеги, кој го тренирал Де Геа во младинската селекција на Шпанија.

Кејлор Навас би можел да го напушти Реал, а Де Геа во секој случај ќе биде прва желба на богатиот клуб од Мадрид, но се спомнува и Куртоа како следна опција.

Реал планира да плати 100 милиони евра за Де Геа, со што Шпанецот ќе стане најскапиот голман на светот.

Пред да застане на голот на Јунајтед, Де Геа бранеше во Мадрид, но на голот на Атлетико. Доколку понудата на Реал не е само уште една шпекулација во низа, тешко ќе биде да се одбие од страна на англискиот клуб.

 

Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com