Connect with us

SPORTM.mk

Лоша игра на Македонија, Грузија ни покажа како се игра, момци вака се даваат голови (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација забележа убедлив пораз на домашен терен од селекцијата на Грузија со 0:3. Ова беше директна пресметка за првото место во групата во Лигата на нации, а со оглед на тоа дека сега Грузијците имаат максимални 9 бодови, тешко е да се верува дека ќе ги стигнеме.

Со оглед на тоа дека ниту селекциите на Бугарија или Гибралтар немаат квалитет да ги загрозат, може да се каже дека нема да и биде тешко на Грузија да го освои првото место.

По првите 45 минути во кои македонската репрезентација напаѓаше, а гостите чекаа контри, во вториот дел три голови во нашата мрежа. Зидзивадзе во 52-та минута го отвори резултатот, потоа следуваше прекрасен гол на Кваратшкелиа, а точка на мечот стави Китешвили во 80та минута.

За македонската репрезентација може да се каже дека одигра уште еден подпросечен меч, а Грузија покажа како се игра трпеливо и како се постигнуваа голови, нешто што вечерва Македонија не знаше да го направи.

Следниот меч го играме в недела против Гибралтар.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Головите на следниот линк:

ВИДЕО: Грузија ја изненади Македонија со два гола