Connect with us

Фудбал

Лотар Матеус не може да се врати во Унгарија поради коронавирусот

Германската фудбалска легенда Лотар Матеј е во посебен проблем за време на пандемијата на коронавирус.

Поточно, тој останал заглавен во Дубаи додека бил на годишен одмор со семејството.

Поради пандемијата на коронавирус, Унгарија ги затвори своите граници, а Лотар Матеус живее таму, и сега не може да се врати дома.

„Не можам да се вратам во Унгарија, иако живеам таму повеќе од 16 години. Тие ги затворија своите граници и сите што немаат унгарски пасош не можат да влезат, па не можам да одам во мојот стан. Исто така е тешко да се влезе во Германија, така да останав во Дубаи. Можеби е многу побезбеден, со оглед на овој хаос во светот“, рече Лотар Матеус.