Connect with us

Фудбал

ЛШ: Јуве на крилата на Мората до победа во Киев, Бриж со изненадувачка победа во Русија

Киев, 20 октомври 2020 (МИА) – Италијанскиот шампион Јувентус победи со 2-0 на гостувањето кај Динамо (Киев) во натпревар од групата „Г“ во Лигата на шампионите.

Во отсуство на Кристијано Роналдо, тренерот на гостите Андреа Пирло се обложи во напад на Алваро Мората и нашиот Дејан Кулушевски. Федерико Киеза, Арон Ремзи и Хуан Куадрадо ја формираа втората офанзивна линија.

Шпанецот ја оправда довербата, кој се најде во стартерите место Пауло Дибала, и ги постигна двата гола во 46-тата и 84-тата минута.

Така, Јувентус ги зеде првите бодови во својата група, во која се и екипите на Барселона и Ференцварош.

Во вториот ран дуел од денешната програма, Бриж го започна ударно учеството во Лигата на шампионите. Белгискиот тим го совлада Зенит како гостин со 2-1, а победничкиот гол падна во дополнителното време и беше дело на Шарл де Кетелар.

Пред тоа, Емануел Денис го отвори резултатот во 63-тата минута, а во 74-тата, голманот Итан Хорват постигна автогол по ударот на Дејан Ловрен во гредата и рикошет.

Двете екипи одиграа многу разочарувачко прво полувреме и многу подинамично второ. Русите реагираа по голот и беа близу до целосен пресврт, но наместо тоа испуштија еден бод.

Во следното коло Зенит ќе гостува кај Борусија (Дортмунд), а Бриж е домаќин на Лацио.