Connect with us

Фудбал

Љубов и фудбал: Ѕвездата на Барселона е на најголемата раскрсница во животот

Последните денови многу се зборуваше за трансферот на Френки де Јонг.

Познато е дека Де Јонг е на мета на Манчестер Јунајтед кој е подготвен да плати околу 85 милиони евра за него, но Холанѓанецот баш и не е заинтересиран да замине на „Олд Трафорд“.

Барселона му порача дека официјално сака да го продаде, но приказната има и друга страна.

Девојката на Френки де Јонг, Мики Кејменеја не сака да ја напушти Барселона. Таа сака Барселона да биде дом на нејзиното семејство, кое во иднина би го основала со холандска фудбалска ѕвезда.

Де Јонг е на крстопат. Неговата девојка, а од неодамна и неговата вереница, жената со која планира заеднички живот, не сака тој да ја напушти Барселона, а од друга страна клубот му дал јасен сигнал на Холанѓанецот дека може да си оди.

Овој играч од средниот ред сега е пред најтешката одлука во животот. Од финансиска страна не би се променило многу, но со оглед на тоа што има 24 години, веројатно го очекува барем една деценија сериозен фудбал на високо ниво.

Срцето, љубовта, среќата, фудбалот, семејството, се собраа за Де Јонг и треба добро да размисли каков потег ќе одигра.