Connect with us

Други спортови

Лудило: Билет за последниот натпревар на Федерер се продава за 80.000 евра

Роџер Федерер најави дека неговото учество на Лејвер купот следната недела ќе биде последниот професионален турнир во неговата кариера. Швајцарецот, кој има 41 година, се пензионира со 20 грен слем титули, 103 титули на АТП турнеја и 310 недели на врвот на АТП листата.

На показниот турнир „Лејвер куп“ легендарниот тенисер ќе биде дел од европскиот тим кој ќе игра против остатокот од светот. Во европскиот тим ќе играат уште Каспер Руд, Рафаел Надал, Стефанос Циципас, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, а капитен ќе биде Бјорн Борг.

Тејлор Фриц, Феликс Огер-Алиасим, Диего Шварцман, Френсис Тиафо, Алекс де Минор и Џек Сок ќе играат за Остатокот од светот, чиј капитен е Џон Мекинро.

Влезниците за овие натпревари се веќе продадени, а откако Федерер објави дека се пензионира, започна препродажбата на билетите. Најевтиниот билет на сајтовите за препродажба чини 2.400 евра, а билетите за подобри позиции на трибините се од 13.000 до 17.000 евра. Има и билети за места кои се веднаш до „кутијата“ на Федерер и овие билети се продаваат за неверојатна цена од 80.000 евра.