Поврзи се со нас

Фудбал

Лудило во соблекувалната на Монако: Нико Ковач накратко ја прекина прославата за да им каже нешто на играчите

Фудбалерите на Монако синоќа го добија дербито против ПСЖ на домашен терен по пресврт со 3:2.

ПСЖ поведе по првото полувреме со 2:0 головите на Килијан Мбапе, но играчите на Монако беа брилијантни во второто полувреме и на крајот успеаја да победат со 3:2.

После натпреварот имаше голема прослава во соблекувалната на Монако и можеше да се види колку им значи оваа победа на играчите.

Краток говор одржа и хрватскиот тренер Нико Ковач, кој рече дека сè е можно кога играчите веруваат во тоа.

„Погледнете што е можно да се направи кога верувате во тоа …“, им рече Ковач на играчите на Монако.

loading...

Facebook