Connect with us

Тајмаут

Лудиот живот на Адријано: Се разведоа само 24 дена по венчавката

Адријано би можел да биде еден од најдобрите фудбалери во светот да не бил неговиот луд личен живот. Поранешниот стрелец на Интер неславно ја заврши кариерата, додека во меѓувреме воопшто не го промени начинот на живот, што се одразува и во неговата љубов.

Тој неодамна одлучи да се ожени со својата девојка Микаела Мескита, со која беше во врска повеќе од една година, но бракот траеше помалку од еден месец – или подобро кажано – само 24 дена.

Бразилските медиуми објавија дека тој го напуштил својот дом по голема тепачка, по што два дена не знаел каде е.

Се додека не се појави на фотографија на Инстаграм како го гледа натпреварот меѓу Швајцарија и Бразил во Крузеиро, во друштво на пријатели од детството.

Кога конечно се појави дома, Адријано повторно влезе во војна со Михаела, по што беше донесена одлуката – брз развод.